Бел Камен е
трет по големина врв на планината Плачковица и се наога на надморска висина од
1707м.
На падините под овој врв на растојание од 45 000 м2, обиколен со богата густа
букова и борова шума се простира и хотелскиот комплекс БЕЛ КАМЕН на надморска
висина од 1450м.
Комплексот Бел Камен е идеален за вистински одмор и рекреација во секој период
од годината, бидејки се наога во предел кој изобилува со природни убавини како
што се високите карпи, флората и фауната кои можат да се сретнат само во оваа
околина.
Плачковица е средно висока планина во источниот дел на
Република Македонија.
Највисока точка е врвот Лисец со височина 1 754 м. Планината се издига помеѓу град Радовиш и Струмичко-Радовишката котлина на југ и Кочанска Котлина на север, во правец северозапад-југоисток.
Највисока точка е врвот Лисец со височина 1 754 м. Планината се издига помеѓу град Радовиш и Струмичко-Радовишката котлина на југ и Кочанска Котлина на север, во правец северозапад-југоисток.
Геолошкиот
состав го чинат гранити (на исток), кристалести шкрилци, гнајсеви и тесен појас
на мермери на запад.Релјефот е интересен, претставен со флувијални зарамнини
(површи) во повисоките делови и страмни планински страни од раседен карактер.
Планината е расчленета со повеќе длабоки речни долини.
Инаку реките кои се побројни и побогати со вода на северната страна, имаат длабоки долини и голем надолжен пад. Така на Зрновска Река има повеќе брзаци, водопади и џиновски лонци.

На планината Плачковица се наоѓаат и три прекрасни кањони: Камник, Козјак и
Зрновка во кои се наоѓаат прекрасни природни убавини како реки, водопади,
преслапи, високи карпи...
За многумина кањонот Камник со својата убавина претставува Колорадо во мало. До сите кањони е обезбедена потребна инфраструктура за непречено движење (маркации, билборди, патокази, сајли, ферети и место за одмор).

Од многуте убавини кои ги нуди планината Плачковица се и пештерите кои ги има
повеќе, од кои пет се испитани и достапни за посетители. Најголема од нив е
Големата пештера, со испитана должина од 600 метри. Таа претставува вистински
бисер со своите пештерски украси и предизвик за спелеолозите.
Пештерите: Ќуп, Ајдучка, Туртел и Понор се помали, но богати со пештерски украси и се лесно достапни за посетителите и до нив водат маркирани патеки. Климата на подрачјето од Плачковица е умерено-континентална, со одредено влијание на средоземна клима од јужен правец. Средногодишните температури се околу 10-12 степени Целзиусови.

До хотелот се стига по целосно асфалтиран пат, достапен за сите видови
моторни возила.