Monday, October 19, 2015

ХОТЕЛ И СПА

Хотелскиот комплекс Бел Камен е сместен на 40.000 м2 земја и шума од кои на хотелскиот дел му припаѓаат 1.650м2 и 2.000 м2 на двете надворешни тераси. Сместувачки дел е сместен на три ката, со лоби со бар, ресторан со камин, отворена тераса и СПА центар.

Хотелот нуди 12 двокреветни соби, потоа три апартмани, како и еден ВИП апартман. Многу внимание е посветено на ентериерното уредување, со внимателно и вкусно одбрани природни материјали. Сите соби се опремени со мини бар, со комплетно опремена бања, со кабелска телевизија, со бесплатана безжична интернет конекција… Секоја од собите, кои патем се со југо-западна поставеност, има ексклузивен поглед кон планинската идила. Она што вреди да се напомене е дека за децата до шест годишна возраст престојот во хотелот е бесплатен.

РЕСТОРАН
    
    Главниот ресторан има капацитет за 160 гости и нуди широк избор на гастрономски уживања. Сите тие се инспирирани од богатството на македонската национална кујна, како и од локалното гастрономско наследство. Секако, особено внимание се посветува на користењето на производи од органско потекло, кои што се привилегија на планината Плачковица: од свежо набрани печурки, до колорит од природни чаеви. Специјалитет што вреди да се проба: Тава Бел Камен и десерт од кад’нки со прелив од слатко од аронија.
Она на што се посебно горди во Бел Камен се сопствените насади на еколошка аронија, производ кој се користи во специјалитетите на куќата: меѓу останатото, Бел Камен на традиционален начин произведува и пакува делициозно слатко од аронија, помешано со еколошка капинка, исто така набрана на падините на Плачковица.
Хотелот располага и со голема надворешна летна тераса, со капацитет од околу тристотини гости, опкружена со густа букова шума, идеална за организирање на настани од секаков вид под отвореното планинско небо.



СПА-ЦЕНТАР

    Сите гости бесплатно можат да го користат СПА-Центарот, сместен на приземјето на хотелот. За релаксација и уживање од благодетите од топлата бања, а по напорното секојдневие или по користењето на спортски терени на Хотелот или патеките за пешачење и велосипедизам во околината на Бел Камен, на гостите на располагање им се содржини како: Џакузи; Парна бања; Финска сауна; Фитнес клуб, Масажи и Козметички третмани.



СПОРТСКИ ЦЕНТАР

Освен природните убавини и места за релаксација, на своите гости Хотелот им става на располагање и уреден Спортски центар. Поставен на северо-западна позиција, Спортскиот центар е составен од тревен терен за фудбал, терен за кошарка, специјално одделен и подготвен тениски дел, како и терен за мини голф.


ПЛАНИНАРЕЊЕ И ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Комплексот Бел Камен е идеален за вистински одмор и рекреација во секој период од годината, бидејќи се наоѓа во предел кој изобилува со природни убавини како што се високите карпи, флората и фауната кои можат да се сретнат само на ова поднебје.
Бел Камен е идеална почетна точка за вљубениците во планинарењето или на пасионираните поклоници на планинскиот велосипедизам. Обележаните патеки водат кон прекрасни пејсажи: од врвови и ридови, до засеци и долини.

ШУМСКИ ПЛОДОВИ

Освен со нечепнатата убавина на природа, Плачковица изобилува со растенија и шумски плодови кои што се наоѓаат на секој чекор. Од лековитите билки се среќаваат: кантарион, каламинта, риган, мечкин лук, мајчина душица, глог, црвен канатрион, ајдучка трева, јаглика и салеп. Додека, пак, малината, шумската јаготка, капинката, боровинката, дренот, трнинката и шипинката се најзастапените шумски плодови во околината на Бел Камен. Конечно, природата била дарежлива и со печурките кои што го наоѓаат своето место на менито на ресторанот на Бел Камен. Специјалитетите приготвени од вргањ, сончарка, јајчарка, лисичарка, буковка и од полскиот шамињон се незаборавно гастрономско искуство.

No comments:

Post a Comment